Деведесет и петгодишниот британец Рeј Вули, ветеран од Втората светска војна го сруши сопствениот рекорд за нуркање како најстар нуркач, откако го прифати предизвикот да ги истражува остатоците од бродолом во Кипар.
Вули, кој наполни 95 години на 28 август веќе го држи рекордот за најстар активен машки нуркач. Вчера нуркаше 44 минути на длабочина од 40, 6 метри, со што го надмина неговиот претходен рекорд од 41 минута на 38,1 метри, кога имаше 94 години.
„Успеавме, се чувствувам одлично. Прекрасно е да си го срушам личниот рекорд и се надевам дека ако и вгодина сум во одлична форма, ќе го срушам и последниов рекорд, заедно со сите вас“, изјави Вули по излегувањето на површината.
Вули, кој работел како радио-оператор во Војната, живее во Кипар и нурка веќе 58 години.
„Се обидувам да си докажам на себеси, а се надевам и на другите луѓе, дека вежбањето, особено кога сте околу мојата возраст, е нешто најважно што треба да го правите“, кажа Вули.