АДРИЈАНА ПОП АРСОВА СТАНА ПРВАТА МАКЕДОНКА КОЈА ИСТРЧАЛА МАРАТОН ЗА ПОМАЛКУ ОД ТРИ ЧАСА

    АДРИЈАНА ПОП АРСОВА СТАНА ПРВАТА МАКЕДОНКА КОЈА ИСТРЧАЛА МАРАТОН ЗА ПОМАЛКУ ОД ТРИ ЧАСААдријана Поп Арсова го освои четвртото место на Подгоричкиот маратон (Фото: Фејсбук)

    Адријана Поп Арсова, членка на атлетскиот клуб Делта, уште еднаш го подобри националниот рекорд во маратон и притоа стана првата Македонка која ја поминала оваа делница за помалку од три часа.

    Она што го најави пред две недели по маратонот во Ајндховен (Холандија), Поп Арсова го оствари во Подгорица.

    Таа го зазеде четвртото место во генералниот пласман на Подгоричкиот маратон, истрчувајќи време од два часа, 59 минути и 43 секунди и со тоа за една минута го подобри досегашниот рекорд, кој исто така беше во нејзина сопственост.

    Поп Арсова на секој нареден маратон го подобрува државниот рекорд. На годинашниот Скопски маратон таа постигна време од 3:05:04 часа, а пред две недели во Холандија ја спушти границата на 3:00:46 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира