АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ГО НАГРАДИ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК АЛИЛИ СО ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ

    АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ГО НАГРАДИ ЕВРОПСКИОТ ПРВАК АЛИЛИ СО ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИПоддршката продолжува и понатаму. - Алили со директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски (Фото: АМС)

    Агенција за млади и спорт ќе го награди новиот европски првак во борење Бесир Алили со еден милион денари.

    Ова беше соопштено денеска, на приемот што во чест на Алили го организираше директорот на АМС, Дарко Каевски.

    „Бесир е дел од програмата на АМС за млади спортски надежи, преку која се поддржува нивниот настап на големи натпреварувања како ова Европско првенство. Во наредниот период очекувам Бесир да продолжи да тренира напорно и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња на македонското борење“, изјави Каевски.

    Алили денеска беше на прием и кај градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Градоначалникот најави дека на наредната седница на Советот на Град Скопје ќе достави предлог да му се додели парична награда на Алили и на неговиот кулб „Лирија“.

    Алили, член на БК Лирија, во саботата стана првиот македонски борач кој освоил злато на европско првенство за кадети, откако во Фиренца славеше во категоријата до 48 килограми-слободен стил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира