Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен со 2-6, 6-2, 6-3, 7-5, со што стана најмладиот играч во машка конкуренција кој успеал да ги освои сите четири грен слем турнири. Со 22 години, Алкарас веќе има седум големи титули во својата кариера, по две на Вимблдон, Ролан Гарос и Ју-Ес опен, а отсега и една од Мелбурн парк.
Оваа победа на Алкарас ја продолжува доминацијата на помладата генерација, со оглед на тоа што тој и неговиот ривал Јаник Синер ги освоија последните девет грен слем турнири во низа. Последен кој славеше надвор од овој двоец беше токму Ѓоковиќ на Ју-Ес опен во септември 2023 година. Со овој триумф над десеткратниот шампион во Австралија, Алкарас го зацврсти првото место на АТП листата пред второпласираниот Синер и се запиша како деветтиот тенисер во историјата со комплетиран кариерен грен слем.
Ѓоковиќ, кој на 38 години се обидуваше да ја прекине серијата на Алкарас и Синер, не успеа да стане најстариот освојувач на грен слем во Опен ерата, рекорд кој и понатаму го држи Кен Роузвол. Српскиот тенисер остана на 24 грен слем титули.



