АНА ИВАНОВИЌ НЕМА ПОБЕДА ОТКАКО СЕ ОМАЖИ ЗА ШВАЈНШТАЈГЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:35:"Њујорк,(ДејлиМејл)

    АНА ИВАНОВИЌ НЕМА ПОБЕДА ОТКАКО СЕ ОМАЖИ ЗА ШВАЈНШТАЈГЕР

    Српската тенисерка Ана Ивановиќ претрпе пораз во првото коло на Ју-Ес Опен од Дениса Алертова, но настојува дека нема да се повлече од тенисот. Таа инсистира дека нема да престане да игра, иако поранешниот светски рекет број еден беше елиминирана од турнирот по само 79 минути игра.
    По неизвесниот прв сет, нејзината игра се распадна и загуби со 7-6 (4), 6-1 од Алертова од Чешка која е пласирана на 89. место на ВТА листата, што беше четврт последователен пораз во првото коло за неа, сметајќи од крајот на јуни на Вимблдон.
    Разбирливо е што поради лошата форма на Ивановиќ годинава, со рекордни 15 победи и 16 порази, почнаа да се шират гласини дека можеби е време да размисли за пензија, но 28-годишната Србинка настојува дека нема да се повлече.
    „Воопшто не размислувам за повлекување. Само ми треба време да согледам зошто се случува ова. Имав тешки периоди во кариерата. Ова не е прв пат да поминувам низ нешто вакво. Едноставно ме боли бидејќи знам што и колку вложив“, рече таа.
    Ивановиќ нема победено откако во јули се омажи за фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, кој игра за германската репрезентација и за Манчестер јунајтед, што го поставува прашањето дали тоа ѝ одзема внимание.
    Таа тврди дека напорно тренира за да се врати во формата што ѝ донесе гренд слем титула на Ролан Гарос во 2008 година.
    „Со часови вежбам на терен и во теретана и се трудам да бидам здрава. Лани го повредив грбот и годинава немам проблеми бидејќи многу вежбав за да оздравам. Уште не сум наградена за мојот труд. Тоа ќе треба да го прифатам и да согледам зошто се случува ова и што можам да сменам.“
    Иако беше рано елиминирана од турнирот во САД, Ивановиќ нема да се врати во Менхенгладбах за да го гледа последниот настап на Швајнштајгер за Германија на пријателскиот натпревар против Финска.
    „За жал нема да можам да стигнам“, рече Ивановиќ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари