АНДЕРСОН ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОН ПО ТРЕТИОТ НАЈДОЛГ МЕЧ ВО ИСТОРИЈА

    АНДЕРСОН ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОН ПО ТРЕТИОТ НАЈДОЛГ МЕЧ ВО ИСТОРИЈАБорбата со Џон Изнер траеше чест часа и 35 минути. - Кевин Андерсон (Фото: АП)

    Кевин Андерсон се пласираше во своето прво финале на Вимблдон, откако со Џон Изнер го одигра третиот најдолг меч во историјата на тенисот.

    Јужноафриканецот, кој лани стигна до финалето на Ју-Ес опен, го совлада Изнер со 7:6, 6:7, 6:7, 6:4, 26:24 по шест часа и 35 минути игра.

    Подолги мечеви се единствено епскиот дуел на Изнер и Мау на Вимблдон во 2010 година, кога играа неверојатни 138 гема во петтиот сет и мечот Маер-Соуза од 2015 година, кој траеше шест часа и 43 минути.

    За својата прва гренд слем титула, Андерсон ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, кои се изначекаа пред да излезат на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира