УЕФА го казни австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со еден меч суспензија откако утврди дека е виновен за „навреда на друг играч“ за време на натпреварот против Македонија во неделата на Европското првенство.
Арнаутовиќ, кој е со српско потекло, мораше да биде смируван од капитенот Давид Алаба при прославата на третиот гол за Австрија. Арнаутовиќ ги навредуваше македонските репрезентативци Алиоски и Бејтулаи.
УЕФА утврди дека 32-годишниот фудбалер се однесувал несоодветно, но не утврди дека имало дискриминација.
По мечот, на кој Австрија победи со 3:1, Арнаутовиќ се извини за прославата на голот и рече дека не е расист.
Австрија утре игра со Холандија, додека Македонија игра со Австрија.