АРСЕНАЛ ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ЕМЕРИ ПО СЛАБИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТА

    АРСЕНАЛ ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ЕМЕРИ ПО СЛАБИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТАФреди Љунгберг привремено ќе го замени Емери како тренер (Фото: Гети)

    Арсенал го отпушти тренерот Унај Емери по 18 месеци на оваа функција.

    Шпанецот пристигна во клубот во мај 2018 на местото на легендарниот Арсен Венгер, но не ги исполни очекувањата. Привремено решение на тренерската клупа ќе биде поранешниот играч на Арсенал Фреди Љунгберг.

    „Ваква одлука е донесена бидејќи резултатите и игрите не беа на потребното ниво“, соопшти клубот.

    Арсенал е во серија од седум натпревари без победа и Емери доби отказ 12 часа по поразот од Ајнтрахт во Лига Европа. Во Премиерлигата нема победа од 6 октомври и заостанува осум бодови зад водечката четворка.

    Во првата сезона под водство на Емери, Арсенал заврши на петтото место и играше во финалето на Лига Европа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари