АВСТРАЛИЈА ПО 50 ГОДИНИ ЌЕ ГО ОДЛИКУВА СПРИНТЕРОТ КОЈ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МЕКСИКО СИТИ ЈА ПОДДРЖА БОРБАТА ПРОТИВ РАСИЗМОТ

    АВСТРАЛИЈА ПО 50 ГОДИНИ ЌЕ ГО ОДЛИКУВА СПРИНТЕРОТ КОЈ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МЕКСИКО СИТИ ЈА ПОДДРЖА БОРБАТА ПРОТИВ РАСИЗМОТАвстралискиот парламент му се извини на Питер Норман дури шест години по неговата смрт во 2006 година. - Норман со Томи Смит и Џон Карлос на подиумот на ОИ 1968 (Фото: АП)

    Пет децении откако тој се солидаризираше со американските спринтери Томи Смит и Џон Карлос, кога на Олимписките игри во Мексико Сити го поддржа нивниот протест против расната дискриминација во САД, Австралија, конечно, ќе му укаже највисока државна почест на Питер Норман.

    Австралискиот олимписки комитет (АОЦ) објави дека Норман посмртно ќе добие Орден за заслуги, признавајќи го неговиот придонес во борбата за граѓански права, за да тргне голем срам од својот спорт.

    Во еден од најмоќните моменти во олимписката историја, Норман ги поддржа Смит и Карлос носејќи беџ на подиумот, додека тие ги наведнаа главите и ја кренаа десната рака при интонирањето на химната. Подоцна се дозна дека токму Норман им предложил притоа да облечат една црна ракавица.

    Норман по неколку дена беше избркан од Олимпијадата и потоа цело време низ животот трпеше последици за својата постапка, при што, иако национален рекордер на 200 метри, веќе не настапи на Олимписки игри.

    „Ова е задоцнета награда. Респектот кон Питер и кон неговите постапки и денес силно одекнуваат. Го загубивме Питер во 2006 година, но никогаш не го заборавивме неговиот храбар потег од тој ден“, изјави претседателот на АОЦ, Џон Коутс.

    Норман почина во 2006 година, шест години пред австралискиот парламент и официјално да му се извини. Тој остана пријател со Смит и Карлос, кои го носеа ковчегот на неговиот погреб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира