„БЕКО“ И БАРСЕЛОНА ОСТАНУВААТ ПАРТНЕРИ И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ, ПИКЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ГЛОБАЛЕН АМБАСАДОР

    „БЕКО“ И БАРСЕЛОНА ОСТАНУВААТ ПАРТНЕРИ И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ, ПИКЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ГЛОБАЛЕН АМБАСАДОРСо новиот договор, „Беко“ станува првиот официјален тренинг-партнер на клубот

    „Беко“, водечкиот бренд за апарати за домаќинство во Европа, го продолжи спонзорскиот договор со шпанскиот фудбалски гигант Барселона и за наредните три сезони. На заедничката прес-конференција на стадионот „Камп ноу“ беше објавено дека со овој нов договор, „Беко“ ја добива титулата на официјален тренинг-партнер на клубот.

    „‘Беко‘ е среќен со продолжувањето на соработката со Барселона. ‘Беко‘, како и Барселона, има горда и долгогодишна историја на постојано тежнеење кон подобрување на стандардите и освојување на нови места. Горди сме што ја имаме Барселона на наша страна, додека се стремиме кон уште поголем глобален раст и успех”, соопшти компанијата.

    Од сезоната 2014/15, кога започна соработката, „Беко“ покажува постојан раст во Шпанија и стана еден од првите три бренда на пазарот.

    „Навистина ми е чест што ‘Беко‘ и Барселона можат да го продолжат ова веќе успешно партнерство и што тој ќе стане нашиот прв официјален тренинг-партнер и ќе го помогне нашето секојдневие со својот асортиман на домашни апарати”, кажа Хосеп Марија Бартомеу, претседателот на Барселона.

    Во рамките на глобалната иницијатива „Јадете како херој”, „Беко“ и Барселона го прогласија Жерард Пике за глобален амбасадор на програмата. Таа има за цел да помогне во надминувањето на глобалната епидемија на зголемена тежина кај децата преку информирање за важноста на здравата исхрана.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари