БЕЛГИЈА ПОСТИГНА ГОЛ ПО САМО 7 СЕКУНДИ, НАЈБРЗО ВО ИСТОРИЈАТА НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Брисел,(АП)

    БЕЛГИЈА ПОСТИГНА ГОЛ ПО САМО 7 СЕКУНДИ, НАЈБРЗО ВО ИСТОРИЈАТА НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

    Белгија го постигна најбрзиот гол во историјата на квалификациите за Светското првенство во фудбал откако Кристијан Бентеке го отвори резултатот против Гибралтар по само седум секунди.

    Претходниот рекорд откако се води прецизна статистика беше во сопственост на Давиде Гвалтиери од Сан Марино, кому му беа потребни осум секунди да постигне гол против Англија во квалификациите во 1993 година. Белгискиот фудбалер ја украде топката од противничките играчи веднаш по почетниот удар, се прошета низ одбраната и го совлада голманот. Гибралтар е домаќин, но натпреварот се игра на стадионот „Алгарве“ во Фаро, Португалија.

    Белгија е втора на ранг листата на ФИФА, а Гибралтар е последен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира