БЕЛГИСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ ГОЛАЕРТС ПОЧИНА ОТКАКО ПРЕТРПИ СРЦЕВ УДАР НА ТРКА

    БЕЛГИСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ ГОЛАЕРТС ПОЧИНА ОТКАКО ПРЕТРПИ СРЦЕВ УДАР НА ТРКАМихаел Голаертс падна по 110 извозени километри и по неколку часа починал во болницата во Лил (Фото: Гети)

    Белгискиот велосипедист Михаел Голаертс почина на 23-годишна возраст, откако претрпи срцев удар за време на вчерашната трка Париз-Рубе класик.

    Тој падна по 110 извозени километри од 237 километри долгата трка и кога пристигнаа лекарските служби, бил во бессознание. Драматичните снимки покажаа како лекарите му даваат вештачко дишење покрај патеката, по што Голаертс со хеликоптер бил превезен во болница.

    Трката продолжи и на крајот победи светскиот првак Петер Саган, кога велосипедистите дознаа дека Голаертс е во тешка состојба. Тој починал синоќа во болницата во Лил и лекарите соопштија дека е во прашање тежок срцев удар.

    „Со незамислива тага мораме да соопштиме за смртта на нашиот возач и пријател Михаел Голаертс. Тој почина во болницата во Лил, опкружен од членови на семејството. Лекарите сторија сѐ што беше во нивна моќ да го спасат, но не успеаја“, објави тимот на Веранда, за кој возеше Голаертс.

    Трката Париз-Рубе уште ја нарекуваат „Северен пекол“ и се смета за една од најтешките во спортот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира