БЕСПЛАТНИТЕ ПЛИВАЧКИ ШКОЛИ НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО НАТАША МЕШКОВСКА ЛЕТОВО ГИ ПОСЕТИЈА 140 ДЕЦА

    БЕСПЛАТНИТЕ ПЛИВАЧКИ ШКОЛИ НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО НАТАША МЕШКОВСКА ЛЕТОВО ГИ ПОСЕТИЈА 140 ДЕЦАДецата на возраст од осум до 12 години успешно ги совладаа четирите основни техники на пливањето, под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим

    На градскиот базен во Кавадарци се одржа завршниот час од третата пливачка школа „Пливај и уживај“, организирана од „Еуролинк осигурување“, кое им овозможи на 140 деца годинава да пливаат во Скопје, Струмица и Кавадарци.

    Децата на возраст од осум до 12 години успешно ги совладаа четирите основни техники на пливање без помош на пливачко помагало. Наставата се реализираше според УССВИМ програмата (Американска програма за обука на деца непливачи), под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим.

    За првпат оваа година, пливачката школа беше адаптирана и за деца со оштетен слух и вид, како и за деца со Даунов синдром.

    „На наше големо задоволство, и оваа година интересот за пливачките школи беше голем, а децата, покрај тоа што научија да пливаат, создадоа нови пријателства и се стекнаа со ново искуство“, велат од „Еуролинк“.

    Оваа активност е дел од платформата за Корпоративно-општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно опфаќа повеќе проекти од областа на образованието, уметноста и културата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира