Бившиот претседател на Реал Мадрид, Лоренсо Санс, почина вчера на 76 години откако се заразил со коронавирусот.
Санс беше на чело на клубот од 1995 до 2000 година, период во кој беа освоени две титули во Лигата на шампионите, при што беше прекинат пост од 32 години и беа доведени играчи како Кларенс Сидорф, Роберто Карлос, Никола Анелка и Давор Шукер.
Тој замина од функцијата во 2000 година, откако на претседателските избори беше победен од Флорентино Перес, кој потоа го постави концептот „Галактико“.
Семејството на Санс објави дека тој бил хоспитализиран на 18 март откако развил пневмонија.