БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ ГО НАСЛЕДИ ИГОР АНГЕЛОВСКИ КАКО СЕЛЕКТОР НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ ГО НАСЛЕДИ ИГОР АНГЕЛОВСКИ КАКО СЕЛЕКТОР НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАМилевски досега ја водеше селекцијата до 21 година (Фото: ФФМ)

    Благоја Милевски ќе биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, наследувајќи го Игор Ангеловски од 1 август. Педесетгодишниот Милевски досега ја водеше селекцијата до 21 година, со која во 2017 го оствари историскиот пласман на Европското првенство во Полска.

    „Благоја Милевски е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток и создаде неверојатна група фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две европски првенства. Му даваме доверба на Милевски да ја предводи македонската репрезентација поради неговите карактер, работна етика и човечки квалитети. Милевски ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим. Веруваме во квалитетите на Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

    Милевски доаѓа на местото на Ангеловски по успешниот старт на квалификациите за Светското првенство во Катар и историското деби на европските првенства. По мечот со Холандија, Ангеловски го најави своето заминување, истакнувајќи дека договорот со ФФМ му истекува на 31 јули.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира