БОЈАН СЕ ВРАТИ СО ДВЕ СРЕБРА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ОД АВСТРИЈА

    БОЈАН СЕ ВРАТИ СО ДВЕ СРЕБРА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ОД АВСТРИЈА

    Освојувачот на две сребрени медали од Зимската специјална олимпијада во Австрија Бојан Трајковски денеска се врати во Скопје. Трајковски, кој во Австрија освои сребро во супервелеслалом и велеслалом, на аеродромот беше пречекан од другарите атлети од Специјалната олимпијада.

    „Ветив дека ќе станам шампион и станав шампион. Очекував еден медал, а освоив два”, кажа Трајковски на пречекот на скопскиот аеродром.

    Неговиот тренер Јован Јовановски рече дека е презадоволен оти Бојан направил многу повеќе отколку што очекувале.

    На Зимската специјална олимпијада во Австрија учествуваа 2.700 спортисти и 1.100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери. Ова беа најмасовните зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада.

    Натпреварите се одржаа во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а спортистите се натпреваруваа во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, сноубординг и стикшутинг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира