Германската полиција уапси 28-годишен маж утринава во врска со минатонеделниот напад на автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, соопшти Федералното обвинителство. Осомничениот е со руско-германско потекло и бил приведен за време на полициска операција близу градот Тубинген во југозападната покраина Баден-Виртемберг.
Уапсениот, идентификуван како Сергеј В., се сомничи дека дека се обидел да предизвика пад на цената акциите на фудбалскиот клуб, велат обвинителите. Според истрагата, осомничениот купил акции во клубот во вредност од 78 илјади евра преку интернет од тимскиот хотел, кадешто престојувал од 9 април.
Трите експлозии детонираа додека автобусот беше на пат за натпреварот против Монако во Дортмунд во Лигата на шампиони на 11 април и повредија двајца. Дефанзивецот на Борусија Марк Бартра претрпе повреди на десната рака од скршеното стакло на еден од прозорците на автобусот.
Натпреварот беше откажан и се одигра наредниот ден. Инцидентот првично беше истражуван како терористички напад, откако на беше пронајдена белешка со исламска врска на местото на експлозиите. По апсењето, акциите на клубот пораснаа за 2 отсто.