БРИТАНЕЦОТ РАС КУК СТАНА ПРВИОТ ЧОВЕК КОЈ ЈА ИСТРЧАЛ ЦЕЛА АФРИКА – 16.000 КИЛОМЕТРИ ЗА 352 ДЕНА

    БРИТАНЕЦОТ РАС КУК СТАНА ПРВИОТ ЧОВЕК КОЈ ЈА ИСТРЧАЛ ЦЕЛА АФРИКА – 16.000 КИЛОМЕТРИ ЗА 352 ДЕНА27-годишниот Кук преживеа здравстени проблеми, болки во грбот, но и вооружен грабеж во Ангола минатиот јуни. (Фото: Инстаграм)

    Рас Кук денеска ќе стане првиот човек кој ја истрчал целата должина на Африка, до југ до север. 27-годишникот од Вортингтон надмина неколку големи потешкотии кои што го продолжија неговото епско патување од 16.000 километри, или 19 милиони чекори, во рок од 352 дена низ 16 различни земји.

    Тој веќе собра над 600.000 фунти за „Ранинг Черити“, организација која помага на бездомни лица, и за „Сендбласт’, која што организира образовни настани за Сахарави луѓето.

    Кук и неговиот тим првично планираа авантурата да почне на север во Тунис, а да заврши на југ во Јужна Африка, но поради проблеми со виза за Алжир, рутата беше свртена наопаку и почна од Јужна Африка на 22 април 2023 година.

    Оттогаш, тој трчаше низ дождовни шуми, планини и пустината Сахара. Мораше да се справува со екстремни температури, од големи жештини до бури со град. Потоа беше изложен на песочни бури низ пустината, поради што беше принуден да трча ноќе.

    Тој преживеа здравстени проблеми, болки во грбот, но и вооружен грабеж во Ангола минатиот јуни, но успеа да издржи и потоа да добие виза за Алжир и Мавританија, за на крај на пристигне на целта на Ртот Ангела во Тунис денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира