БУГАРИНОТ ДИМИТРОВ ГИ ОСВОИ АТП ФИНАЛЕТО ВО ЛОНДОН И ПРЕМИЈАТА ОД 2,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    БУГАРИНОТ ДИМИТРОВ ГИ ОСВОИ АТП ФИНАЛЕТО ВО ЛОНДОН И ПРЕМИЈАТА ОД 2,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИНа 26 години стигна до најголемиот трофеј во кариерата и до најдобар пласман на светската ранг-листа. - Григор Димитров (Фото: Ројтерс)

    Бугарскиот тенисер Григор Димитров го освои најголемиот трофеј во својата кариера, откако триумфираше на Светското тениско финале на АТП, што се играше во „О2 арена“ во Лондон.

    Во возбудливото финале, 26-годишниот Димитров го совлада Белгиецот Давид Гофан со 7:5, 4:6, 6:3 по два и полчасовна борба, станувајќи првиот дебитант по речиси две децении кој го освоил турнирот на најдобрите осуммина тенисери во сезоната.

    Освен паричната награда од 2,5 милиони долари, Димитров од утре ќе биде и трет на светската ранг-листа, што му е најдобар пласман во кариерата. Гофан ќе скокне на четвртото место.

    Завршниот турнир помина без повредените Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, Рафаел Надал од иста причина се повлече по првото коло, а Роже Федерер беше поразен од Гофан во полуфиналето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира