ЧАВИ СЕ ВРАЌА ВО БАРСЕЛОНА КАКО ТРЕНЕР

    ЧАВИ СЕ ВРАЌА ВО БАРСЕЛОНА КАКО ТРЕНЕРЧави го носеше дресот на Барса од 1998 до 2015 (Фото: Гети)

    Една од легендите на клубот Чави Ернандес ќе биде нов тренер на Барселона, откако катарски Ал Сад објави дека му дозволил да замине. Чави му се придружи на Ал Сад во 2015 како играч, а четири години подоцна таму ја почна тренерската кариера.

    Ал Сад потврди дека Барселона платила обесштетување за раскин на договорот на Чави.

    „Чави е важен дел од историјата на Ал Сад и му посакуваме успех во иднина. Се согласивме со преминувањето на Чави во Барселона откако таа плати отштета“, соопшти Ал Сад.

    Чави беше дел од една од најдобрите и најтрофејни генерации на Барселона, одигрувајќи 779 натпревари од 1998 до 2015 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира