ДА ТРЕБА ДА ИГРАМ ЗА 3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, БИ ИГРАЛ И НА ПЛАДНЕ ВО САХАРА, ВЕЛИ ЏИМИ КОНОРС ЗА ТЕШКИТЕ УСЛОВИ НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    ДА ТРЕБА ДА ИГРАМ ЗА 3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, БИ ИГРАЛ И НА ПЛАДНЕ ВО САХАРА, ВЕЛИ ЏИМИ КОНОРС ЗА ТЕШКИТЕ УСЛОВИ НА ЈУ-ЕС ОПЕННовак Ѓоковиќ мораше да игра четири сета на стартот на турнирот и во еден момент повраќаше (Фото: Гети)

    Џими Конорс имаше малку сочувство за играчите кои мораа да играат на топлото време на отворањето на последниот гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД.

    Легендарниот американски тенисер реагираше на постот на Борис Бекер на Твитер, кој прокоментира дека Новак Ѓоковиќ „изгорел на жешкиот и влажен ден“ на Ју-Ес опен.

    „Било жешко? Да имам можност да се борам за 3,5 милиони долари, би играл и на пладне во Сахара. Излезете на терен и дајте се од себе! Со среќа на сите играчи“, напиша петкратниот освојувач на Ју-Ес опен на Твитер.

    Неколкумина играчи ги предадоа своите мечеви од првото коло поради тешките услови за игра, при што температурите се движеа околу 36 Целзиусови степени.

    На Новак Ѓоковиќ му требаа четири сета за да го совлада Унгарецот Фучович, при што во еден момент побара корпа за ѓубре за да повраќа. Судијата во третиот сет им одобри и десетминутна пауза за освежување.

    „Никогаш порано не сум искусил такво нешто. Ни беше потребно да се воведе оваа десетминутна пауза“, изјави српскиот тенисер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира