ДАРИО ИВАНОВСКИ ПОСТАВИ НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД ВО МАРАТОН НА ТРКАТА ВО СЕВИЛЈА

    ДАРИО ИВАНОВСКИ ПОСТАВИ НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД ВО МАРАТОН НА ТРКАТА ВО СЕВИЛЈАИвановски маратонот го истрча за 2 часа 8 минути и 25 секунди, и го подобри својот досегашен рекорд за речиси 3 минути. (Фото: Фејсбук)

    Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон од 2 часа 8 минути и 25 секунди, и го подобри својот досегашен рекорд за над 3 минути. Ивановски рекордот го истрча на денешниот маратон во Севилја, Шпанија, на кој на стартната линија се појавија над 250 елитни маратонци од целиот свет со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим.

    Државниот рекорд на најдобриот македонски маратонец Ивановски е само 15 секунди до олимписката норма и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика. Со овој резултат тој ќе скокне на ранг-листата за учество на Олимпијадата што би било и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.

    Досегашниот македонски рекорд од 2 часа 11 минути и 53 секунди Ивановски го постави лани на 3 декември 2023 во Валенсија, Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира