ДЕЈАН ТОДЕВСКИ 24 ЧАСА ТРЧАШЕ ПО ВОДНО И ОСТВАРИ ВИСИНСКО ИСКАЧУВАЊЕ ОД РЕЧИСИ 10.000 МЕТРИ

    ДЕЈАН ТОДЕВСКИ 24 ЧАСА ТРЧАШЕ ПО ВОДНО И ОСТВАРИ ВИСИНСКО ИСКАЧУВАЊЕ ОД РЕЧИСИ 10.000 МЕТРИТодевски на својата соло трка помина над 83 километри (Фото: Македон)

    Дејан Тодевски, член на планинарското друштво „Македон“ и редовен учесник на трките во планинско трчање во земјата, успешно го реализираше својот подвиг, откако 24 часа трчаше нагоре-надолу од Средно Водно до врвот.

    Тој за малку не успеа да го достигне вкупното висинско искачување од 10.000 метри, во што му попречија неповолните временски прилики, имајќи предвид дека уште ноќеска се соочи со дожд.

    Тодевски првпат потрча нагоре вчера во 16 часот и 24 часа подоцна имаше поминато дистанца од 83,7 километри. Тој истрча 20 кругови и оствари висинско искачување од 9.585 метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира