ДРЕСЕН Ѝ ЈА ДОНЕСЕ ПРВАТА ПОБЕДА НА ГЕРМАНИЈА ВО СПУСТ ПО 13 ГОДИНИ СО ТРИУМФОТ ВО КИЦБИЛ

    ДРЕСЕН Ѝ ЈА ДОНЕСЕ ПРВАТА ПОБЕДА НА ГЕРМАНИЈА ВО СПУСТ ПО 13 ГОДИНИ СО ТРИУМФОТ ВО КИЦБИЛЗа 24-годишниот Дресен, триумфот на спустот во Кицбил беше прва победа во Светскиот куп во алпско скијање. (Фото: АФП)

    Томас Дресен ѝ ја донесе првата победа на Германија во спуст во Светскиот куп, изненадувајќи ги фаворитите на познатата трка Ханенкам во Кицбил, Австрија.

    Стартувајќи како 19-ти, германскиот скијач ја искористи добрата видливост на патеката за време кус сончев период на облачен ден и оствари време од 1 минута, 56,15 секунди, што беше подобро од дотогашниот лидер Беат Фојц од Швајцарија за 0,20 секунди. Ханес Рајхтел од Австрија заврши на третото место со заостанување од 0,41 секунди.

    „Не можев да поверувам кога завршив и го видов бројот „1“. Мислев дека се шегуваат со мене. Навистина е остварување на сонот да победиш во Кицбил. Неверојатно“, изјави Дресен.

    Тој е прв Германец со победа на Ханенкам по Сеп Ферстл во 1979 година. Севкупно, германскиот машки тим немаше победа во спуст во Светскиот куп во алпско скијање уше од декември 2004 година, кога Макс Ројфер триумфираше во Вал Гардена, Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира