ЕДНА ГОДИНА ПО СМРТТА НА ПЕЛЕ, САНТОС ИСПАДНА ОД ПРВАТА БРАЗИЛСКА ЛИГА ПРВПАТ ВО 111-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА

    ЕДНА ГОДИНА ПО СМРТТА НА ПЕЛЕ, САНТОС ИСПАДНА ОД ПРВАТА БРАЗИЛСКА ЛИГА ПРВПАТ ВО 111-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈАСантос во изминатите години се мачеше со финансиски проблеми (Фото: Фољапрес)

    Сантос, легендарниот фудбалски клуб за кој настапуваше Пеле, испадна од првата бразилска лига за првпат во својата 111-годишна историја, што доведе до нереди на улиците на овој град во сојузната држава Сао Пауло. Тоа стана официјално по поразот од Форталеза (1:2) на неговиот последен натпревар од сезоната во бразилската Серија А.

    Сантос освои шест национални титули, две во Копа Либертадорес, што е јужномериканската верзија на Лигата на шампионите и две во Интерконтиненталниот куп за врема на златната ера во 1950-тите и 1960-тите.

    Со исклучок на последните две сезони во Њујорк космос, Пеле ја помина целата играчка кариера во Сантос, од 1956 до 1974. Во тој период, Пеле освои три светски титули со Бразил и тонењето на Сантос се случи само една година по неговата смрт.

    Клубот од кој произлезе и Нејмар во изминатите години се мачеше со финансиски проблеми.

    По испаѓањето на Сантос во понизок ранг, фановите насилно протестираа во Сантос, при што полицијата користеше солзавец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира