ЕГИПЕТСКА МЕЧУВАЛКА НАСТАПИ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО СЕДМИОТ МЕСЕЦ НА БРЕМЕНОСТ

    ЕГИПЕТСКА МЕЧУВАЛКА НАСТАПИ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО СЕДМИОТ МЕСЕЦ НА БРЕМЕНОСТНада Хафез оствари една победа пред да биде елиминирана (Фото: Гети)

    Египетската мечувалка Нада Хафез објави дека се натпреварува на Олимписките игри во Париз во седмиот месец на бременост. Дваесет и шестгодишната Хафез дури успеа да ја победи Американката Елизабет Тартаковски во првото коло, пред да изгуби од Корејката Јеон Хајунг.

    Она што изгледаше како двајца спортисти на теренот, всушност беа тројца. Јас, мојата противничка и моето бебе кое допрва треба да дојде на овој свет. Носам мало олимпијче“, напиша Хафез на Инстаграм по првиот меч и додаде:

    Јас и моето бебе се соочуваме со големи предизвици, и физички и емотивни. Бременоста е тешка сама по себе, а тоа што морав да се борам да го одржам балансот на животот и спортот беше многу напорно, но вредеше“.

    За поранешната гимнастичарка со диплома по медицина ова се трети Олимписки игри, по оние во 2016 и 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира