ЕКСПЛОЗИИТЕ БЕА НАЈТЕШКИТЕ 15 МИНУТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ, ВЕЛИ ФУДБАЛЕРОТ НА БОРУСИЈА БАРТРА

    ЕКСПЛОЗИИТЕ БЕА НАЈТЕШКИТЕ 15 МИНУТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ, ВЕЛИ ФУДБАЛЕРОТ НА БОРУСИЈА БАРТРАМарк Бартра беше единствениот повреден играч со повреди по нападот. - Неговиот лик на екран на стадионот „Вестфален“ (Фото: АП)

    Марк Бартра, кој беше повреден во нападот на автобусот на германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд, вели дека искуството било „најтешките 15 минути“ во неговиот живот. Шпанскиот фудбалер потоа имаше две операции на раката, откако три експлозии скршија прозорец на автобусот пред натпреварот против Монако во Лигата на шампиони во Дортмунд во вторникот.

    „Болката, паниката и неизвесноста од незнаењето што се случува, или колку долго ќе трае… беа најтешките 15 минути во мојот живот“, објави 26-годишникот на социјалната мрежа Инстаграм.

    Тој беше единствениот повреден играч со повреди по нападот.

    „Мислам дека шокот ми поминува сè повеќе и повеќе и, истовремено, се зголемува желбата за живот, работа, борба, смеа, плачење, чувствувавње и за љубов. Единственото нешто што го барам од сите е да живеат во мит и да ги остават зад себе војните“, додаде Бартра.

    Тренерот на Борусија Дортмунд Томас Тухел кажа дека Бартра ќе паузаира четири недели. Натпреварот беше презакажан за ден подоцна и Монако победи со 3:2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира