ЕНИС БАРДИ ДОБИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ФАЛСИФИКУВАНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

    ЕНИС БАРДИ ДОБИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ФАЛСИФИКУВАНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛАБарди на сослушувањето ја признал вината (Фото: ЕФЕ)

    Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на четири месеци затвор и ќе мора да плати парична казна од 1.920 евра откако беше фатен како вози со фалсификувана возачка дозвола во Валенсија. Барди, кој настапува за шпанскиот прволигаш Леванте, сепак нема да оди во затвор, зашто судијата му ја преиначи затворската казна во две години условно, што ќе се активира ако во тој период го повтори прекршокот.

    Според шпанските медиуми, Барди беше запрен од полицијата при рутинска контрола на 5 април минатата година во близина на стадионот на Леванте во Валенсија. Истрагата утврдила дека тој возел иако немал добиено возачка дозвола, ситуација за која што бил свесен. Барди на полицајците им покажал возачка дозвола добиена во Македонија, за која се утврдило дека е лажна.

    Обвинителите барале шестмесечна затворска казна за Барди, кој на сослушувањето ја признал вината, поради што судијата му дал поблага казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира