ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР ОСТАНУВА БЕЗ СВОЈА ИКОНА, ГОЛМАНОТ ШТЕРБИК ПОТПИША ЗА ВЕСПРЕМ

    ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР ОСТАНУВА БЕЗ СВОЈА ИКОНА, ГОЛМАНОТ ШТЕРБИК ПОТПИША ЗА ВЕСПРЕМСи заминува од Вардар по четири години. - Арпад Штербик (Фото: Веспрем)

    По тренерот Раул Гонсалес, европскиот ракометен првак Вардар останува без уште една важна алка по завршувањето на сезоната – голманот Арпад Штербик.

    Најтрофејниот унгарски клуб Веспрем и официјално потврди дека Штербик ќе биде негов играч од 1 јули наредната година, откако потпиша договор на две сезони.

    „Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам повикот на Веспрем. Тоа е еден од најдобрите клубови во Европа и воопшто не се премислував“, кажа Штербик за сајтот на Веспрем, во којшто се враќа по цели 14 години.

    Легендарниот шпански голман роден во Србија дојде во Вардар како сензационално засилување во 2014 година и тоа се покажа како еден од најдобрите потези во историјата на клубот.

    Иако неодамна го прослави 38. роденден, тој сѐ уште важи за еден од најдобрите светски голмани, што неретко го докажуваше во црвено-црниот дрес, во којшто стана миленик на навивачите и клупска икона и годинава по четврти пат ја освои Лигата на шампионите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира