ФЕДЕРЕР ОПЕРИРАШЕ КОЛЕНО И ГО ПРОПУШТА РОЛАН ГАРОС

    ФЕДЕРЕР ОПЕРИРАШЕ КОЛЕНО И ГО ПРОПУШТА РОЛАН ГАРОСФедерер им порача на фановите дека се гледаат во Вимблдон (Фото: ЕПА)

    Роже Федерер ќе го пропушти четвртиот Ролан Гарос во последните пет години, откако вчера го оперираше десното колено во Швајцарија.

    „Ова колено ми правеше проблеми подолго време. Лекарите се убедени дека целосно ќе заздравам и ми кажаа дека тоа беше исправен потег. Се гледаме на Вимблдон“, изјави 38-годишниот Федерер.

    Освен Ролан Гарос, што се игра од 24 мај до 7 јуни, Федерер ќе ги пропушти и турнирите во Дубаи, Индијан Велс, Богота и Мајами.

    Тој лани стигна до полуфиналето на Ролан Гарос, што му беше прв настап во Париз од 2015 година. Доколку Надал по 13. пат триумфира на Ролан Гарос, ќе го израмни рекордот на Федерер од 20 освоени гренд слем титули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира