ФЕДЕРЕР ЗАГУБИ ВО 2. КОЛО ВО МАЈАМИ ОД 175. ИГРАЧ НА СВЕТОТ И ГО ГУБИ ВРВОТ НА АТП-ЛИСТАТА

    ФЕДЕРЕР ЗАГУБИ ВО 2. КОЛО ВО МАЈАМИ ОД 175. ИГРАЧ НА СВЕТОТ И ГО ГУБИ ВРВОТ НА АТП-ЛИСТАТАОд 2 април, Рафаел Надал ќе го замени на првото место на АТП-листата. - Роже Федерер (Фото: Гети)

    Откако имаше 17 победи во серија, Роже Федерер го доживеа вториот пораз по ред.

    Светскиот рекет број еден загуби во второто коло на Мастерс турнирот во Мајами од Танаси Кокинакис со 6:3, 3:6, 6:7, што ќе доведе до смена на врвот на АТП-листата.

    Федерер имаше освоен сет и брејк во вториот, кога младиот Австралиец го почна својот пресврт. Како 175. на АТП-листата, Кокинакис е најслабо рангиран тенисер во последните 15 години кој успеал да го победи најдобриот светски тенисер.

    Федерер во неделата загуби од Хуан Мартин дел Потро во финалето во Индијан Велс, па ова му е првпат од 2014 година да врзе два пораза.

    По овој пораз, Федерер објави дека ќе ја пропушти целата сезона на земјени терени. Исто така, од 2 април, Рафаел Надал ќе го замени на првото место на АТП-листата.

    „Го заслужив тоа по овој меч. Така чувствувам“, кажа Федерер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира