ФФМ КАЗНЕТА СО 10.000 ЕВРА ЗА ИСВИРКУВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ХИМНА

    ФФМ КАЗНЕТА СО 10.000 ЕВРА ЗА ИСВИРКУВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ХИМНАМечот се одигра пред 20.000 гледачи (Фото: ФФМ)

    УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со речиси 15.000 евра за инцидентите на средбата од Лигата на нации помеѓу Македонија и Бугарија, одигран пред 20.000 гледачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 26 септември.

    ФФМ ќе мора да плати 10.000 евра за исвиркувањето на бугарската химна пред почетокот на натпреварот, а изречена е и дополнителна казна од 4.500 евра за фрлање предмети на теренот.

    Бугарија на крајот славеше со 1:0 и ја остави Македонија на третата позиција во групата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира