ФИФА ГО ПРОГЛАСИ РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕР

    ФИФА ГО ПРОГЛАСИ РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕРЛевандовски ја прими наградата од претседателот на ФИФА Џани Инфантино на виртуелната церемонија во Цирих (Фото: Гети)

    Роберт Левандовски е прогласен за најдобар светски фудбалер, победувајќи ги Лео Меси и Кристијано Роналдо за престижната награда на ФИФА.

    Полскиот напаѓач постигна 55 гола на 47 натпревари минатата сезона и му помогна на Баерн да ја освои тројната круна. Тој на крајот беше најдобар стрелец во Бундеслигата, германскиот куп и во Лигата на шампионите.

    „Неверојатно е кога делиш една ваква награда со Меси и Роналдо. Ова многу ми значи. Пред многу години копнеав за вакво нешто и сега тоа ми се остварува. Ова значи дека без разлика од каде доаѓаш, најважно е колку се вложуваш во нешто“, изјави 32-годишниот Левандовски.

    Англичанката Луси Бронз е избрана за најдобра светска фудбалерка, а Јирген Клоп за тренер на годината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира