ФИФА ЈА ПОТВРДИ САУДИСКА АРАБИЈА ЗА ДОМАЌИН НА СП 2034 И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМОТ СО ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ЗЕМЈАТА

    ФИФА ЈА ПОТВРДИ САУДИСКА АРАБИЈА ЗА ДОМАЌИН НА СП 2034 И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМОТ СО ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ЗЕМЈАТАСаудиска Арабија во изминатите години се обвинуваше дека го користи своето огромно богатство за да го подобри својот имиџ преку спортот (Фото: Гети)

    ФИФА потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2034, а четири години порано ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко. Три меча од Мундијалот во 2030 ќе се играат и во Аргентина, Парагвај и Уругвај во чест на 100-годишнината од првото натпреварување.

    Саудиска Арабија беше единствениот кандидат за СП 2034, што од претходно предизвика контроверзи поради прашањето за почитувањето на човекови и работнички права во земјата. Иако го поддржаа изборот, Швајцарија и Данска побараа од ФИФА да го надгледува подобрувањето на човековите права во оваа арапска земја.

    Саудиска Арабија во изминатите години се обвинуваше дека го користи своето огромно богатство за да го подобри својот имиџ преку спортот. Таа веќе изгради четири од планираните 15 стадиони за СП.

    Амнести интернешенал ја осуди одлуката на ФИФА во врска со СП 2034 и издаде заедничко соопштение со уште 21 меѓународна организација.

    Непромислената одлука на ФИФА да ѝ го додели Светското првенство во 2034 на Саудиска Арабија без да обезбеди соодветна заштита на човековите права ќе доведе во ризик многу животи. Врз основа на јасни досегашни докази ФИФА знае дека работниците ќе бидат експлоатирани, па дури и ќе умираат без фундаментални реформи во Саудиска Арабија, а сепак одлучи да продолжи со процесот. ФИФА ризикува да сноси голема одговорност за многу прекршувања на човековите права што ќе следат“, рече шефот за работнички права и спорт на Амнести интернешенал, Стив Кокберн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира