ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ ПОТПИША ЗА МАГДЕБУРГ ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

    ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ ПОТПИША ЗА МАГДЕБУРГ ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈАКузмановски потпиша тригодишен договор со германскиот клуб, чија важност почнува во март

    Ден пред почетокот на Светското првенство во Германија и Данска, ракометниот бундеслигаш Магдебург објави дека потпишал договор со македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

    Дваесет и двегодишниот лев бек, кој досега играше за битолски Еурофарм Работник, потпиша тригодишен договор, чија важност почнува во март.

    „Презадоволни сме што го добиваме Филип Кузмановски, еден од најталентираните бекови во Европа. Иако само 22-годишен, тој има големо меѓународно искуство зад себе преку настапите во Лигата на шампионите. Тој ќе биде големо засилување и за нашата одбрана“, изјави тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт.

    Магдебург е еден од најтрофејните германски клубови, кој трипати беше и европски првак, а моментално се наоѓа на четвртото место на табелата.

    Почнувајќи со утрешниот натпревар со Јапонија, Кузмановски и на ова првенство ќе биде еден од најсилните напаѓачки адути на македонската репрезентација.

    Г. КОНЕВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари