ФК БРЕГАЛНИЦА 100-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СО НОВ СТАДИОН И ПЛАСМАН ВО ПРВА ЛИГА

    ФК БРЕГАЛНИЦА 100-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СО НОВ СТАДИОН И ПЛАСМАН ВО ПРВА ЛИГАФК Брегалница како нов прволигаш се враќа со нови клупски простории и со нов стадион за 100-годишниот јубилеј на клубот.

    Со победата над Кожув од Гевгелија со 3:0, штипсккиот фудбалски клуб Брегалница на две кола пред крајот на првенството во Втората фудбалска лига на Македонија и официјално стана нов прволигаш. Брегалница испадна од Првата лига во 2017, и сега по 4 сеозони се враќа во најелитното фудбалско друштво.

    Во Штип во тек е реконструкцијата на стадионот што ќе донесе нова западна трибина за 2.000 гледчи, а треба да биде готово до крајот на годината. Со ова, штипските сини ќе го одбележат враќањето во Првата лига и големиот јубилеј 100 години од постоењето на клубот.

    Целосната реконструкција на стадионот почна лани во октомври, а е заеднички проект на Општината и на Фудбалската федерација на Македонија, а во првата фаза беа поставени нов тренажен терен и рефлектори. Како што е договорено со актуелната локална власт, новата трибина ќе биде финансирана од ФФМ преку проект на УЕФА, а Општината заедно со новите донатори имаат обврска да ја изградат другата трибина.

    ФФМ вакви проекти реализира и на градските стадиони во Охрид, Прилеп, Битола, Тетово и Чаир.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира