„ФРАНС ФУДБАЛ“ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ИНИЕСТА ШТО НИКОГАШ НЕ ЈА ДОБИЛ „ЗЛАТНАТА ТОПКА“

    „ФРАНС ФУДБАЛ“ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ИНИЕСТА ШТО НИКОГАШ НЕ ЈА ДОБИЛ „ЗЛАТНАТА ТОПКА“Андрес Иниеста заврши втор во изборот во 2010 година, зад Лео Меси, а пред Чави Ернандес

    „Франс фудбал“, магазинот кој во 1956 година почна да избира најдобар европски фудбалер, во своето последно издание му се извини на Андрес Иниеста што никогаш не му доделил „Златна топка“.

    Главниот уредник Паскал Фер напиша коментар под наслов „Прости ни Андрес“, преку кој се извини за она што го нарече „демократска аномалија“, имајќи предвид дека за оваа награда гласаат европски медиуми.

    Текстот ги величи кариерата и личноста на иконата на Барселона и ја остави отворена можноста тој, сепак, да ја добие оваа престижна награда за 2018 година, доколку одигра одлично за Шпанија на Светското првенство во Русија.

    „Иниеста покажа дека интелигенцијата е најважната работа што е потребна да се биде шампион“, пишува Фер.

    Иниеста беше најблиску до освојување на „Златната топка“ во 2010 година, откако, меѓу другото, го постигна победничкиот гол за „фуријата“ во финалето на Светското првенство, но во изборот заврши зад Лео Меси, а пред Чави Ернандес.

    Иниеста вчера објави дека ја напушта Барселона на крајот на сезоната и, најверојатно, ќе ја продолжи кариерата во Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира