ФУДБАЛЕРИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ХЕРТА КЛЕКНАА НА ТЕРЕНОТ ЗА ИНАЕТ НА ТРАМП

    ФУДБАЛЕРИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ХЕРТА КЛЕКНАА НА ТЕРЕНОТ ЗА ИНАЕТ НА ТРАМПИграчите на Херта со овој гест дадоа поддршка на слободниот свет (Фото: Гети)

    Фудбалерите и официјалните лица на германскиот прволигаш Херта клекнаа на теренот пред почетокот на средбата со Шалке на Олимпискиот стадион во Берлин, „во знак на поддршка на слободниот свет“.

    Бундеслигашкиот клуб го ископира гестот, што прв го направи НФЛ-играчот Колин Кеперник, протестирајќи против лошиот третман на Афроамериканците. Тоа подоцна стана тренд во американскиот фудбал, што го изнервира претседателот на САД, Доналд Трамп, кој побара од клубовите да ги отпуштат сите играчи кои клекнуваат при интонирањето на химната.

    „Херта е на страната на толеранцијата и одговорноста. Ние сме за толерантен Берлин и за слободоумен свет, сега и засекогаш“, објави клубот на Твитер.

    Кеперник, квортербекот на Сан Франциско џајантс, одби да стане на химната пред почетокот на еден претсезонски меч во 2016 година, со цел да укаже на расната неправда и на полициската бруталност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира