ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ОЧЕКУВА 500 СРПСКИ ХУЛИГАНИ ДА ПРАВАТ НЕРЕДИ НА МЕЧОТ СО АНГЛИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ОЧЕКУВА 500 СРПСКИ ХУЛИГАНИ ДА ПРАВАТ НЕРЕДИ НА МЕЧОТ СО АНГЛИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОСе очекува околу 40.000 англиски и 5.000-6.000 српски навивачи да допатуваат во Гелзенкирхен (Фото: Шатерсток)

    Германската полиција верува дека околу 500 српски хулигани ќе се обидат да предизвикаат насилства на мечот против Англија на Европското фудбалско првенство. Петер Бот, шефот на полицијата на Гелзенкирхен, каде што в недела ќе играат Србија и Англија, кажа дека ќе биде предизвик да се пресретне групата пред да се судри со англиските фанови.

    Се очекува околу 40.000 англиски и 5.000-6.000 српски навивачи да допатуваат во Гелзенкирхен, со што УЕФА го означи мечот како високоризичен во консултација со полициите на Германија, Србија и Велика Британија.

    Германската полиција нема потврдени разузнавачки информации, но веруваме дека 400-500 српски хулигани ќе патуваат во Германија со цел да прават нереди. Најголемиот проблем ќе ни биде да ги идентификуваме овие групи во рана фаза и да ги одвоиме од мирните фанови“, изјави Бот.

    Повеќе од 1.000 германски полицајци ќе го обезбедуваат неделниот натпревар, заедно со единица за спречување нереди, но Бот вели дека водени топови нема да бидат распоредени.

    Имаме одлична соработка со британската полиција, баш и не со српската“, кажа Бот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира