ГЕРМАНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ЈА ИЗБЕГНУВААТ ТУРЦИЈА ПОРАДИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Диселдорф,(ДПА)

    ГЕРМАНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ЈА ИЗБЕГНУВААТ ТУРЦИЈА ПОРАДИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ

    Германските фудбалски клубови од Бундеслигата ја избегнуваат Турција како дестинација за нивните тренинг кампови за време на зимската пауза сезонава во домашниот шампионат. 15 од 18-те тимови ја користат паузата за интензивни подготовки во странство, но несигурната безбедносна ситуација во Турција им ги промени плановите.

    Повеќе од третина од клубовите до неодамна ја избираа турската ривиера, посебно одморалиштето Белек како зимски тренинг камп. Овојпат, ниту еден клуб не замина за Турција, каде условите отсекогаш биле сметани за совршени.

    Патувањата во Турција често ги организираше поранешниот голман од Бундеслигата Дитер Бурденски. Бившиот фудбалер се надева дека безбедносната ситуација во Турција по неколку терористички напади ќе се промени наскоро, но вели дека ако тероризмот продолжи, може да има долготрајни последици.

    11 клубови од Бундеслигата сега го избраа Пиринејскиот полуостров како идеална дестинација за тренинг камп. 10 од нив, вклучувајќи ги Борусија Дортмунд, Мајнц и Борусија Менхенгладбах, ја избраа Шпанија, додека второпласираниот РБ Лајпциг ќе биде во Португалија. Лидерот и актуелен шампион Баерн Минхен ќе се подготвува во Доха, Катар, додека Баер Леверкузен ќе биде во Орландо, САД.

    Сезоната во Бундеслигата продолжува на 20 јануари.

    Г. МИХАЈЛОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира