ГЛАДНА СУМ, НАПИША 17-ГОДИШНАТА КИМ НА ТВИТЕР, ПА ОСВОИ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО СНОУБОРДИНГ

    ГЛАДНА СУМ, НАПИША 17-ГОДИШНАТА КИМ НА ТВИТЕР, ПА ОСВОИ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО СНОУБОРДИНГАмериканците имаат нова миленичка. - Клои Ким (Фото: Гети)

    Ѕвезда е родена на планините Тебек, откако 17-годишната американска сноубордерка Клои Ким освои златен олимписки медал во дисциплината халфпајп, признавајќи дека била гладна во тој момент.

    „Посакувам да си го изедов сендвичот за појадок, но не го направив тоа затоа што сум тврдоглава и сега огладнувам“, напиша Ким на Твитер во пресрет на третата, финална серија и ги освои симпатиите на целиот свет.

    За титулата ќе ѝ беа доволни и 93,75 поени од првата серија, но и гладна изведе речиси совршен перформанс во третата серија, добивајќи 98,75 поени.

    На возраст од 17 години и 296 дена, Ким стана најмладата олимписка шампионка на снег во историјата, надминувајќи го рекордот на скијачката Микела Фиџини од 1984 година. Исто така, таа е првата шампионка од Зимски олимписки игри родена во овој милениум.

    Ким е родена во Калифорнија од родители кои емигрирале од Јужна Кореја во 1982 година. Освен нив, на трибините беше и дедо ѝ, кој сѐ уште живее во Јужна Кореја.

    „Ова е за моите родители, кои направија толку многу за мене и за мојата кариера. Сѐ уште сум под голем адреналин и не сум свесна што направив“, изјави Ким.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира