ЃОКОВИЌ ГО ДОБИ ПРВИОТ ПРОТИВНИК НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН, НО СÈ УШТЕ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИГРА

    ЃОКОВИЌ ГО ДОБИ ПРВИОТ ПРОТИВНИК НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН, НО СÈ УШТЕ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИГРАЃоковиќ и натаму ја чека конечната одлука на министерот за имиграција (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ е вклучен во распоредот за играње на Отвореното првенство на Австралија, но тоа и натаму не е гаранција дека ќе настапи на турнирот. Сагата околу неговата виза за Австралија влезе во втората недела, додека се чека конечната одлука на министерот за имиграција Алекс Хок, кој има дискреционо право да му ја поништи. Тој не се огласува веќе три дена, откако во понеделникот федералниот суд во Мелбурн ја поништи претходната одлука за укинување на визата.

    Портпаролот на Хок изјави дека тој сè уште го разгледува случајот. Ѓоковиќ во меѓувреме призна дека ги кршел правилата за изолација во Србија откако имал позитивен тест за коронавирус на 16 декември и дека дал лажна изјава дека не патувал 14 дена пред доаѓањето во Мелбурн. Овој лажен исказ исто така може да биде основа за откажување виза.

    Австралискиот премиер Скот Морисон денеска не сакаше да коментира кога владата ќе донесе одлука.

    „Позицијата на министерот за имиграција не е променета. Тој си има свои лични овластувања и во овој момент тука нема што да се коментира“, изјави Морисон.

    Она што е единствено познато во моментов е дека Ѓоковиќ би играл со својот сонародник Миомир Кецмановиќ во првото коло на Отвореното првенство на Австралија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира