Второто коло на олимпискиот турнир во Париз донесе тениски класик, во кој Новак Ѓоковиќ го елиминираше Рафаел Надал на централниот терен на Ролан Гарос.
Во 60. меѓусебен дуел, Ѓоковиќ го совлада Надал со 6:1, 6:4 по еден час и 44 минути игра и го продолжи походот кон единствениот трофеј што му недостига – олимписко злато.
„На овој стадион имаме одиграно многу мечеви и Рафа има подобар скор. Но, успеав во последните четири-пет години да пронајдам решенија за него на земјена подлога. Олеснување и растоварување е кога веќе го немате на патот“, кажа Ѓоковиќ по можеби последниот дуел со Надал, кој најави повлекување од терените на крајот на сезоната.