ЃОКОВИЌ ГО НАЈАВИ, ПА ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ

    ЃОКОВИЌ ГО НАЈАВИ, ПА ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИСе плаши дека ова би можело да му ги поремети плановите на стартот на новата сезона. - Новак Ѓоковиќ (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ, сепак, нема да се врати на тениските терени оваа година, откако го откажа настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

    Тој денеска требаше да игра во полуфиналето со Роберто Баутиста Агут, што ќе му беше прв меч по шест месеци пауза, но се повлече поради нови болки во лакотот.

    „Разочаран сум што морав да се повлечам од турнирот. За жал, последниве денови ми се појави болка во лакотот и лекарите ме советуваа да не ризикувам и да продолжам со терапии. Тажен сум, затоа што многу се радував на повторното играње официјални мечеви. Но, мора да ја прифатам оваа ситуација. Ова би можело да влијае врз моите планови за почетокот на новата сезона“, кажа Ѓоковиќ.

    Тој нема играно од Вимблдон летоска и место да оди на операција на десниот лакот, реши да земе неколкумесечна пауза. Тоа го чинеше пад на 12. место на АТП-листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира