ЃОКОВИЌ ЈА ОПЕРИРАЛ РАКАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА, ПРЕТСТОИ НОВА ПАУЗА

    ЃОКОВИЌ ЈА ОПЕРИРАЛ РАКАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА, ПРЕТСТОИ НОВА ПАУЗАНовак Ѓоковиќ досега одбиваше да ја санира повредата на лакотот со операција

    Новак Ѓоковиќ ја оперирал повредената десна рака на клиника во Швајцарија, објави тамошниот весник „Блик“, за што засега нема потврда од стручниот штаб на најдобриот српски тенисер.

    Како што истакнува еден од најчитаните весници во Швајцарија, тој бил снимен како ја напушта клиниката „Рацетрак“ во Мутенц со бандажирана рака.

    Ѓоковиќ минатиот месец се врати на тениските терени по полугодишна пауза, но беше поразен во четвртото коло на Отвореното првенство на Австралија. Тој тогаш повторно се пожали на болки во претходно повредениот лакот.

    Ѓоковиќ досега одбиваше да ја санира оваа повреда со операција, но сега повторно му претстои подолга пауза од терените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира