ЃОКОВИЌ ПРОТИВ АЛКАРАС ВО ФИНАЛЕТО НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА

    ЃОКОВИЌ ПРОТИВ АЛКАРАС ВО ФИНАЛЕТО НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈАСо 38 години, Ѓоковиќ стана најстариот финалист на турнирот во Мелбурн (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон рекордната 25. гренд слем титула откако се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Австралија. Таму ќе игра против првиот носител Карлос Алкарас.

    Со 38 години, Ѓоковиќ стана најстариот финалист на овој турнир откако во полуфиналето го совлада актуелниот двократен шампион Јаник Синер со 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4, а мечот заврши час и половина после полноќ.

    Да бидам искрен, останав без зборови. Ова ми изгледа нереално, игравме повеќе од четири часа, речиси е два часот наутро. Се присетив на 2012 година кога играв против Надал во финалето“, рече десеткратниот шампион во Мелбурн по мечот.

    Ова ќе биде неговото прво гренд слем финале од Вимблдон во 2024, а последната од 24-те гренд слем титули ја освои на Ју-Ес опен во 2023.

    И првото полуфинале се играше во пет сета. Алкарас по огромна борба го совлада Александер Зверев со 6:4, 7:6, 6:7, 6:7, 7:5 по речиси пет и пол часа игра.

    Финалето е в недела, а утре во женското финале ќе се соочат Арина Сабаленка и Елена Рибакина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира