ЃОКОВИЌ СЕ ИЗРАМНИ СО ФЕДЕРЕР И НАДАЛ НА 20 ГРЕНД СЛЕМА, ПО ПОБЕДАТА НАД БЕРЕТИНИ НА ВИМБЛДОН

    ЃОКОВИЌ СЕ ИЗРАМНИ СО ФЕДЕРЕР И НАДАЛ НА 20 ГРЕНД СЛЕМА, ПО ПОБЕДАТА НАД БЕРЕТИНИ НА ВИМБЛДОНОва е шеста титула за Ѓоковиќ на Вимблдон, а трета по ред. (Фото: Твитер/Вимблдон)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Италијанецот Матео Беретини со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3 во финалето на Вимблдон и ја освои 20. гренд слем титула, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер и Рафаел Надал.

    Ова е шеста титула за Ѓоковиќ на Вимблдон и како што прави по секоја победа во финалето во Лондон, и овојпат јадеше од тревата на централниот терен. Претходно годинава, Ѓоковиќ ги освои и Австралија Опен и Ролан Гарос. До крајот на тениската сезона останува уште еден гренд слем, Ју-Ес Опен, кој се одржува на крајот на август и почетокот на септември.

    34-годишниот Ѓоковиќ поведе со 5:2 во првиот сет, но 25-годишниот Беретини одбрани сет-топка и потоа направи пресврт и го доби сетот по тај-брејк. Светскиот рекет број еден ги доби наредните два сета со 6:4 и последниот со 6:3, правејќи брејкови на почетокот на сетовите.

    Италијанецот имаше 57 „винери“ и 47 неизнудени грешки, наспроти 31 „винер“ и 21 неизнудена грешка на Ѓоковиќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира