Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос пред четвртфиналето поради повреда на коленото. Тој денеска беше на лекарски прегледи откако се пожали дека лизгавата подлога на вчерашниот меч придонела за влошување на проблемот со коленото.
По две маратонски победи во пет сета, Ѓоковиќ утре требаше да игра со Норвежанецот Каспер Руд, но претходно најави дека не е сигурен дали ќе биде способен за тоа.
„Скенирањата покажаа дека Ѓоковиќ има скинат менискус во десното колено“, кажаа организаторите на Ролан Гарос.
Ова е само продолжение на проблематичната сезона за Ѓоковиќ, кој нема освоено турнир, ниту има играно финале оваа година.