Најголемото српско фудбалско дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда (1:1) повторно го засенија хулигани, кои по тепачката на трибините во првото полувреме, разголени беа испратени од полицијата од стадионот.
Според српските медиуми, уште не се знае точно кој се степал во 40. минута од средбата: според една верзија, навивачите на Звезда упаднаа на јужна трибина и се судрија со „гробари“, а според друга, две навивачки фракции на Партизан се степаа меѓу себе.
На трибината во тој момент немало полиција, а по десетминутна жестока тепачка, подебелиот крај го извлекоа напаѓачите. Тие не само што беа претепани, туку беа соблечени по гаќи и палени со факели. Специјалците потоа, конечно, интервенираа и мечот за кратко мораше да биде прекинат, за да се изведат претепаните навивачи од стадионот.
Двете навивачки групи и претходно се провоцираа, фрлајќи факели едни кон други, при што бил повреден еден навивач на Партизан. Тој бил одвезен од стадионот со амбулантно возило.