Maкедонија имаше пријавено четворица кошаркари како членови на селекцијата во 3х3 баскет, но тие не настапија на 20. Медитерански игри во Таранто, Италија. Иако во првите денови македонската селекција беше во распоредот за настапи, кога натпреварите започнаа, таа исчезна од термините за игра.
На прашањето до Македонскиот олимписки комитет (МОК) што се случи и зошто нашата селекција не играше, МОК соопшти дека имаат започнато правна постапка, но не соопштуваат детали што е причината за неиграњето.
„За жал, репрезентацијата во 3х3 баскет, иако беше најавено дека ќе учествува, не беше во можност да присуствува на овие Медитерански игри во Таранто. Претседателот на МОК, Даниел Димевски, овој случај веќе го пријави во Меѓународниот олимписки комитет и започната е правна процедура, со цел решавање на овој спор. Во интерес на самата постапка и запазување на фер одвивање на самиот процес, не сме во можност да откриваме конкретни детали“, соошпштија од МОК.
За македонската селекција беа пријавени Карло Димески, Марко Димовски, Милош Кнежевиќ и Максим Трајковски. Златото во 3х3 баскет го освои Шпанија, која во финалето ја совлада Италија.
Македонија на Медитеранските спортски ири во Таранто освои еден златен медал – Матеј Белистојановски во карате, како две сребра и три бронзи.
П. ПЕЧКОВ



